ВАСИЉ ИЉОСКИ „ЧОРБАЏИ ТЕОДОС“
Васил Иљоски (1902 - 1995) е роден во Крушево, една година пред Илинденското востание. По востанието, татко му отишол во Куманово да бара подобри услови за живот и работа. Десетина години подоцна целото семејство се преселило во Куманово. Таму го завршил основното училиште и гимназијата. Му помагал на татка си во неговата столарска работилница за да го продолжи неговиот занает.
Се запишал на Филозофскиот факултет во Скопје, по ослободувањето бил директор на Првата гимназија, потоа работел во Народната библиотека и како професор по македонски јазик во Вишата педагошка школа. Автор е на многу студии и публикации од областа на јазикот и литературата, поради што е еден од првите академици на МАНУ (Македонска академија на науки иуметности).
Попознати драми на Иљоски се: „По матурата“, „Бегалка“, „Чорбаџи Теодос“, „Биро за безработни“, „Чест“, „Два спрема еден“, „Кузман Капидан“, „Окрвавен камен“ и др. Доминантна одлика на творештвото на Иљоски е потрагата по убавина и правдина во обичниот човек.
Во периодот 1922 - 1927 година има напишано десетина едночинки, од кои извесен број се играни на аматерски сцени. Голем успех постигнал со драмата „Ленче Кумановче“ (1928, подоцна крстена „Бегалка“), која тогашниот театар во Скопје ја поставил како прво драмско дело од македонски автор, на македонски јазик. Во 1947 година била изведена и драмата „Чорбаџи Теодос“ на македонски јазик, која како и „Бегалка“, постигнала голем успех кај публиката.
Добитник е на наградата 11 Октомври во 1964 година и на АВНОЈ во 1985 .
Чорбаџи Теодос
Драма во три чина
ЛИЦА:
ТЕОДОС, богат трговец и лихвар-чорбаџија кој со лихварство позајмувајќи пари на сиромашните селани се стекнува со богатство одземајќи им го имотот на тие што нема да платат, со накострешени веѓи, суров, намуртен поглед и секогаш сака да биде по негово, со остар, отсечен говор, кој скоро никогаш не е разговор со луѓето, ни со најблиските, туку карање, викање на нив, на најблиските најмногу, со потценување и презирање, како и да не заслужуваат со нив да се разговара.
КЕВА, негова жена - Параскева-патријархална жена која се покорила на својот маж, но која ја поддржува Ефка ( тетка на Стојанка) во ставот дека ако нив насила ги омажиле не мора така да биде со денешните млади. Жена со мил поглед, нежно лице, сака да му угоди на домаќинот плашејќи се од неговите реакции, не посакува иако може да живее богато и лагодно како жена на чорбаџија.
ТОМЧЕ, син на Теодос- младо и убаво момче, со танки мустачиња, густа кадрава коса, убаво облечен, но целиот блед, потиштен и огорчен, кој е патријархално воспитан, пружа отпор и ги прифаќа новите струи во семејните односи со изборот на сиромашна девојка за своја прва љубов, ги почитува, ги цени и се плаши од ставовите на својот татко без чие одобрение не сака да се жени.
СПИРО, слуга на Теодос- облечен во старите алишта на чорбаџијата кои му се преголеми, па во нив изгледа смешно, ненаместено . За него чорбаџи Теодос е страшен, но нему тој исто толку му е и смешен. Затоа, скриено, со лукаво во очи му се смее, а зад грб нескриено го исмева и го карикира, наоѓајќи во тоа особено задоволство, некаква одмазда за сѐ што трпи од него.
НАЦА, слугинка, жена на Спиро
СТОЈАНКА, сиромашна девојка
ЕФКА, нејзина тетка
АРСО, бакал - благороден човек кој е од средната класа, задолжен кај Теодос и поради што тоне во своите долгови, но креативен во смислување на интриги со кои ќе си помогне себе си и на Ромите, а истото ќе го искористи и за помагање на љубовта на Томче и Стојанка. Со тоа сака да ја потцени ароганцијата и надменоста на чорбаџијата и неговото лихварство. Полн е со животна радост и ведрина, кои тешко можат да му ги поматат и најтешки грижи и незгоди. Умен и итар е до лукавост и до препреденост, но никако до расипаност, а по срце е добричина, осетлив и сочувствителен.
ПОЦКО, христијански Циганин
ПЕТРИЈА, негова жена
АМПО, ЃОРГО, РИСТЕ, КОЛЕ нивни синови
ЦОНКА, нивна баба
СЕЛАНЕЦ
ПАНКО, коџабашија
СВИРАЧИДејството се случува во Скопје, во турско време, еден есенски ден пред пладне.

Во драмата има четири етапи и тоа
А) ЕКСПОЗИЦИЈА - опис на семејната атмосфера со хумористични елементи и внес на доминантниот лик во драмата;
Б)ЗАПЛЕТ- започнувањето на конфликтот меѓу чорбаџи Теодос и Арсо околу заемот под лихва даден на Арсо кој тоне во долгови и е во опасност да го изгуби лозјето како залог на лихвата.
В)КУЛМИНАЦИЈА- Арсо се досетува на креативен момент да му подметне кумство на чорбаџијата кај Ромите со тоа помагајќи им ним и во тие интриги да се спаси себе си, но и да и помогне на љубовта на Томче и Стојанка.
Г)РАСПЛЕТ- постапките за ослободување на чорбаџијата од кумството но и неговите отстапки за лозјето на Арсо и давање дозвола на љубовта на Томче и младата сиромашна Стојанка.
ПРВ ЧИН: Дејствието започнува во претсобјето на вториот кат на куќата на Чорбаџи Теодос. Параскева (Кева) неговата жена оди пополека на прсти за да не го разбуди чорбаџијата порано, уплашено сфаќа дека и часовникот застанал. Ги повикува своите слуги Наца и Спиро да го разбудат чорбаџијата, но и тие од страв одбиваат да го направат тоа. Рано изутрина стануваат сите членови освен доминантниот лик од кого сите се плашат и кого го очекуваат да се разбуди. Сцените изобилуваат со сатирични моменти кои ги претставуваат релациите во семејството и патријархалниот однос на помладите членови кои иако ги прифаќаат своите нови ставови сепак ги почитуваат благословите на постарите. На сите им е страв да го разбудат чорбаџијата дури и часовникот застанал сопирајќи го времето за да се разбуди доминантниот лик, глава на семејството, суровиот, ладниот со накострешени веѓи чорбаџи Теодос, од кого сите се плашат и не сакаат да го задеваат споредувајќи го со мечка која не смеат да ја чепкаат со сламка. Во куќата на чорбаџијата тогаш влегува Ефка да позборува за љубовта на Стојанка и Томче. Таа е тетка на Стојанка (убава и вредна но сиромашка девојка), која Томче, синот на Чорбаџи Теодос сака да ја земе за жена, а чорбаџијата пак не сака ни на слушне затоа што е ќерка на самарџија. Преку оваа појава односно со разговорот на Кева и Ефка се истакнува патријархалниот начин на живот во тоа време, тие се потсетуваат како на сила ги омажиле, па поради тоа сега не смеат да ја дозволат истата грешка со нивните вљубени деца. Но тој став не смеат директно да го искажат пред чорбаџијата и неговите патријархални, цврсти и непопустливи ставови. Теодос се разбудува и влегува во ноќна долга кошула со мрачно лице на кое никогаш не се јавува ведрина, со студен поглед, веќе разлутен што не го разбудиле, гледајќи дека нема никој како што редовно е при станувањето, да го пречека и да му служи, тој избувнува. Како човек од кој сите се плашат, намуртен кој никогаш не се смее, работи како лихвар и дава на вересија но кога ќе заврши рокот за враќање на долгот знае да биде суров. Го погледнува часовникот и гледа дека застанал, се облекува набрзина а потоа го пресретнува својот син единец - Томче кој го моли да даде благослов за љубовта кон Стојанка. Чорбаџијата почнува да вика по својата жена и слугите. Томче губејќи ја се повеќе храброста што ја беше собрал и уплашено, повторно се обидува да го услови својот татко. Но, Теодос не само што ја одбива неговата молба, дури и ја исмејува Стојанка.
ВТОР ЧИН: Вториот чин започнува со претставување на чистата и безусловна љубов преку разговорот на Томче и Стојанка која иако е силно заљубена, како и Томче се чувствува навредена и омаловажена. Таа со нејзиното женско лукавство го уценува Томче дека ако до вечер тој не одлучи дали ќе ја земе за жена, таа ќе се омажи за Иле за кого татко и е решен да ја даде , бидејќи и други момчиња ја посакуваат, а и не сака да се посрамоти пред светот. Арсо пак, умен и итар човек кој го загубил лозјето поради долгови кон чорбаџијата дадено под лихва како залог, не го губи своето ведро и пријатно расположение, смислува начин како да го задржи лозјето со итрина во која главен актер ќе биде чорбаџијата. Понатамошното дејствие се фокусира кон група Роми кои бараат кум за новороденото дете и како што е традицијата оној што прв ќе помине тој треба да им стане кум, бидејќи стариот кум починал. Арсо ги догледува Ромите и се смее со израз на симпатија. Смислува план како Теодос да стане цигански кум. Но, се појавуваат неколку пречки односно, пијаниот селанец го убедува да оди кај него дома за да му дадат газија и сол, иронично пак селанецот се запрашува кој дава такво нешто без пари или контрауслуга. Арсо се вади спрема селанецот дека сака да си ги искупи гревовите. Потоа поминува слугата на Теодос, Спиро кој Арсо на исто така тежок начин ќе го одврати од патот, му дава клуч од дома да го однесе божем го заборавил а не би било добро чорбаџијата да чека, со тоа сепак успева да му го одврати патот на Спиро. Тука конечно доаѓа Теодос и тргнуваат заедно на пат кон лозјето, Арсо наводно се сетил дека заборавил нешто на местото каде го чекал чорбаџијата. Теодос тогаш паѓа во замката на Арсо. Доаѓаат Ромите, Теодос се наоѓа во небрано, но никако не сака да прифати да им биде кум, но Арсо со помош на Поцко, Цонка и Ампо успева да го наговори Теодос да се согласи оти кумството не се одбива.
ТРЕТ ЧИН: Дејството во третиот чин се одвива во лозјето на Арсо под еден разгранет орев, а до него плиток бунар со камена ограда. Теодос ја проценувал вредноста на лозјето дадено како залог под лихва за парите кои Теодос му ги дал на Арсо. Таму доаѓаат Ефка и Стојанка. Арсо, со фалби за Стојанка се обидува да го премисли Теодос и да го одоброволи да ја прифати љубовта на сина си Томче со Стојанка. Таа пак му донела чаша вода на чорбаџијата, но тој ја навредува не прифаќајќи ја подадената чаша, иако Стојанка е исполнета со фалби дека е убава, вредна, брза, чиста и искрена девојка. Се слушнале свирки од далеку и се приближувале Ромите за да го развеселат новиот кум. Арсо ја гледа загриженоста и одвратноста на Теодосовото лице и уште за повеќе да го исмее го насамарува да се скрие во колипката полна со слама и болви. А потоа им дава знак на ромите за тоа каде е скриен чорбаџијата. Тие го наоѓаат а тој- кутриот од мака се заседнува и прво пие од нивните чаши, а потоа од заедничкото шише. Доаѓаат жените Параскева и Наца и не можеле да поверуваат во своите очи, тогаш Теодос се свеснува за ситуацијата и почнува да го негира кумството. Томче опијанет исто како и него решен на било кој начин да го добие неговиот благослов за Стојанка се осмелува да се закани со нож дека ќе се убие ако чорбаџијата не му даде благослов за Стојанка. Теодос, сосема очаен, како ромски кум и самарџиски зет не може да најде друг излез освен да ја прифати помошта на Арсо во замена за простување на лихвата и залогот за лозјето. Арсо му предлага на Теодос дека ако му дозволи на Томче да ја земе Стојанка , тогаш Арсо се понудува да го прифати кумството и да крштева и венчава ромски деца. Томче избезумен од среќа поради преголемата љубов кон Стојанка ја прифаќа спогодбата, во тој момент заедно со Стојанка ги бакнуваат рацете на Теодос и Параскева. Тврдокорниот чорбаџија попушта, му го опростува долгот на Арсо во кој залог е лозјето и дава благослов за љубовта на Томче и Стојанка. Сите се фаќаат на оро и весело играат со среќна завршница за младите.
Васил Иљоски(роден 20 декември 1902-Крушево, починат 01 ноември 1995 Скопје)
Давид Трајчевски IX-3 одделение